(Видео) Шкријељ: Наставниците да се водат од интересите на децата, ВМРО-ДПМНЕ да престане со партизација на штрајкот

пред 3 години

Јасна е потребата од достоинствено вреднување на трудот на наставниците, но најдобриот интерес на учениците е и треба да продолжи да биде врвен приоритет, особено сега дури и во услови на ковид пандемија, кога се обезбеди континуитет во наставата, изјави пратеничката од редовите на СДСМ, Санела Шкријељ.

Додава дека правото на образование е Уставно загарантирано право на секое дете. Ги повика наставниците, интересот на децата да го стават на прво место.

„Голем број на родители денеска се обидуваат да се организираат за денешниот ден заедно со своите деца, поради штрајкот на наставниците. Би напоменала дека Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери секогаш имала и има слух за образовниот кадар и воспитувачите. Во образованието со методолошки пристап, во изминатите 3 години во три наврати СДСМ ги зголеми личните приходи на наставниците за над 21%. Платите на вработените во градинките се зголемија за повеќе од 21% што во просек значи покачување од 4.300 денари за негувателки до 5.700 денари за воспитувачките, што е историски најголемо покачување до сега за овој кадар“, вели пратеничката од СДСМ.

„Во исто време кога опозициската ВМРО-ДПМНЕ цела година го блокира Законот за наставници и стручни соработници, кој обезбедува, меѓу другото и поголеми плати. Бараме од ВМРO-ДПМНЕ да прекине со политизација на штрајкот на СОНК, тоа е на штета на наставниците и на учениците. Toa e последната партија којашто може да зборува нешто за образование или плати на наставници“, посочува Шкијељ.

Убедена е како што вели дека решенијата се возможни само преку социјален дијалог на синдикатите и надлежните институции.

Share
Scroll to Top