(Видео) Шкријељ: Сите пратеници да гласаат за измените на Законот за минималната плата

пред 2 години

“Денеска на Комисијата за труд и социјална политика на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за минимална плата, со кои создаваме услови минималната плата да изнесува најмалку 18.000 денари. Веќе од први април околу 80.000 работници ќе добиваат плата повисока за скоро три илјади денари, изјави на денешната прес конференција Санела Шкријељ”, пратеничка на СДСМ.

Таа додаде дека со ова последно зголемување, за само четири и пол години, минималната плата ја зголемивме од 8.800 денари на 18.000 денари, односно за повеќе од 100 отсто.

Овој Закон обезбедува извесна иднина за сите работници бидејќи, со воведувањето на новиот критериум за пресметување на минималната плата, таа не може да биде пониска од 57 проценти од висната на просечната плата, изјави Санела Шкријељ.

Таа ги повика сите пратеници, да ги поддржат овие измени на Законот, тие да бидат донесени што е можно побрзо, затоа што се работи за подобрување на стандардот на 80.000 наши сограѓани, се работи за унапредување на нашата домашна економија.

Како парламентарно мнозинство, продолжуваме со реализација на мерки и политики кои значат вложување во луѓето, во подобриот стандард и повеќе пари во сексе семейство, додаде Шкријељ.

Share
Scroll to Top