Македонија победила многумина, Македонија ќе го победи и Заев, доаѓа времето за неговата оставка и подобри денови за македонскиот народ, рече на вечерашниот протест во Велес членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.
Тој кажжа дека во Велес како цела Македонија народот се кренал да ги одбрани идеалите на револуционерите кои што го кренаа Илинден, на македонските партизани кои извојуваа победа и донесоа слобода за Македонија во Втората светска војна.
„Тука во Велес на овој плоштад е таа симболика која ја гледаме и чувствуваме, тука се Гемиџиите и онаа генерација на Илинденци, но тука со нас со својот паметник е велешанецот Коста Солев Рацин. Тука сме и ние синовите и внуците и внуките на Македонија и затоа не се откажуваме. Знаеме дека темница и не тиштат овие работи, но не заборавајте дека идејата која што почна во 1893 годинапочна од 6 луѓе“, рече Ѓорчев.
Тој додаде дека епопејата на НОБ почна на 11 октовмри 1941 од еден одред во Прилеп и еден во Куманово, а денес околностите се поинакви бидејќи како што кажа, политички се бориме, но сепак не се откажуваме и затоа секој ден ќе се бориме достоинствено против политиките на Зоран Заев.
„Оваа декемвриска темница со нашето достоинство, со нашата љубов кон Македонија ја навестуваме македонската пролет и македонската зора која ќе изгрее. Македонија победила многумина, Македонија ќе го победи и Зоран Заев. Ќе дојде времето за неговата оставка, ќе дојде време кога повторно на овој плоштад со вашите знамиња и нашите прекрасни македонски песни ќе прославиме. Ќе изгрее сонцето на слободата, доаѓа зората и подобро време“, изјави Ѓорчев.