(Видео) Ѓорѓиевски: Градскиот парк го враќа својот сјај

(Видео) Ѓорѓиевски: Градскиот парк го враќа својот сјај

пред 6 часа

Екипите на јавните претпријатија на Град Скопје го расчистија првиот дел од Градскиот парк од последиците на силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје. Засадени се нови садници, санирана е оштетената урбана опрема, а просторот повторно е достапен за посетителите.

Интензивно се работи и во вториот дел од Градскиот парк каде што се отстрануваат последиците од невремето, се санираат штетите, се отстрануваат старите и оштетени дрвја и се засадуваат нови садници.

„Природните непогоди не можеме да ги спречиме, но можеме да покажеме дека со заедништво, организираност и посветена работа брзо и одговорно ќе ги надминеме последиците. Изразувам огромна благодарност до сите вработени и служби кои деноноќно беа на терен, за Градскиот парк повторно да биде чист, безбеден и зелен дом на сите скопјани. Продолжуваме со работа сè додека не биде обновен и последниот оштетен дел од паркот“, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје остави сериозни последици низ целиот град, а еден од најпогодените простори беше токму Градскиот парк. Повеќе од 100 дрвја беа соборени, пешачките патеки беа затрупани, а значителна штета беше нанесена и на урбаната опрема.

Текстот (Видео) Ѓорѓиевски: Градскиот парк го враќа својот сјај е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top