(Видео) Јанчева: Арсовска да каже по кој основ на фирмата на Петар Георгиевски-Камиказа биле исплатени 14.000 евра

пред 3 години

Откако Петар Георгиевски – Камиказа призна дека добил 14.000 евра за озвучување на прославата на новогодишната ноќ на плоштадот, на ред е Данела Арсовска да излезе пред граѓаните и да даде одговори. Кој му платил на Георгиевски за озвучувањето? По кој основ на фирмата на Георгиевски и биле исплатени 14.000 евра?, истакна на прес-конференцијата Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Градот Скопје вчера официјално соопшти дека парите се платени директно на изведувачите, рече Јанчева и дека изведувачите, озвучувањето и осветлувањето не биле ангажирани од градот.

Како е можно, праша таа, друго правно лице да организира дочек на нова Година во име на град Скопје и врз која основа?

„Кој може во име на градот да плаќа кон фирми кои биле ангажирани за прославата? Дали парите на сите учесници се платени во кеш?Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје. Ова е скандал кој може да биде основа за корупција. Особено ако нстапот на Георгиевски претходно бил договорен“, рече Јанчева.

Според неа, очигледно е дека коалицијата меѓу Левица и ВМРО-ДПМНЕ функционира и на локално ниво и освен што е деструктивна, таа сега, како што спореди Јанчева, прераснува во кеш коалиција меѓу двете партии.

„Арсовска да излезе пред граѓаните и да ги даде сите одговори, наместо да се крие зад штури соопштенија од Град Скопје“, повика координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

Share
Scroll to Top