(Видео) 152 санкционирани возачи во Скопје: 49 за брзо возење

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49, девет за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет за некористење сигурносен појас и 36 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top