(Видео) 168 сообраќајни прекршоци во Скопје, 28 за брзо возење

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 10 за возење без возачка дозвола, 13 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон, 10 прекршоци што ги чинат пешаците, седум за некористење сигурносен појас, шест за минување на затворен сигнал (црвено светло), 48 за непрописно паркирање.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top