(Видео) 82 санкции за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово

пред 3 години

Во текот на вчерашниот ден (04.03.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, при што санкционирани се 82 возила.

Од нив, девет се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Share
Scroll to Top