Утре во утринските часови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе престанат и ќе се разведри. Претпладне ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од западен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, во утринските часови со услови за врнежи од дожд, потоа претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.
За време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понделник до средината на работната седмица под влијание на ладен воздушен бран температурите ќе бидат во опаѓање, а на некои места се очекува да се спуштат и под нула степени.
Текстот Викендов ќе биде топло со повремени врнежи, а од понеделник заладува, со температури наместа и под нулата е превземен од МАКФАКС.





