Владата го разреши Бучковски: „Му благодариме за напорите со кои придонесе кон добрососедските односи со Бугарија“

пред 2 години

Владата го разреши Владо Бучковски од позицијата Специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија.

Oд Владата му заблагодарија на Бучковски за сите ангажмани и напори со кои, како што велат, придонел кон одржувањето на добрососедските и пријателските односи меѓу двете во време на предизвици кои подразбираа потреба од мудар, трпелив и посветен однос кон барањето решенија.

Се очекува, согласно разговорите меѓу премиерите на двете држави и меѓу мандатарот за премиер Ковачевски и премиерот на Бугарија Петков, двајцата нови премиери согласно заеднички утврдена методологија да ги утврдат начините, ресурсите и чекорите кон конечно решавање на отворените прашања, потпирајќи се на условите и успесите постигнати од сите чинители во досегашните процеси, велат од владината прес-служба.

Share
Scroll to Top