Владата донесе одлука за забрана на летови од Велика Британија и Северна Ирска

пред 3 години

Владата вечерва одржа седница на која донесе одлука за забрана на сите авионски летови од Велика Британија и Северна Ирска во Македонија до крајот на годинава, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести.

Со оваа одлука на Владата ќе биде задолжителна проверка на сите патници кои влегуваат на територијата на Македонија од Велика Британија и Северна Ирска преку копнен граничен премин и на граничните премини на аеродромите во Скопје и Охрид.

Исто така, овие патници ќе бидат задолжително упатени во самоизолација од 14 дена и ќе пополнуваат пријава за влез во државата со податоци за местото на сместување.

Share
Scroll to Top