„Владата на Република Северна Македонија нема испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај, кој се појави во изминатите часови, станува збор за смишинг- и фишинг-измама, која е пријавена и по која соодветните служби веќе постапуваат“, известуваат од Владата преку писмено соопштение.

„Доколку граѓаните добијат или веќе добиле порака со ваква или слична содржина, во која се посочува Владата како испраќач, таа треба да ја сметаат за лажна и да не кликаат ниту на дадените линкови ниту да одговараат на пораките што ги добиле“, се наведува во соопштението.

Од таму апелираат до граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки од странски телефонски броеви и имејлови и да не ги даваат личните податоци.

„Граѓаните треба да бидат внимателни и одговорни за своите лични податоци, односно да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може однапред да им се утврди идентитетот“, се додава во соопштението.
Текстот Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб-страницата е превземен од МАКФАКС.






