Владата ќе одлучува за полицискиот час и за отворањето на угостителските објекти

пред 4 години

Владата на седница што ќе почне на пладне во 12 часот ќе одлучува за предлогот на  Комисијата за заразни болести полицискиот час да се скрати за еден час и да почнува од 21 часот, за Велигден и Рамазан воопшто да нема ограничување на движењето и отворање на летните тераси во сите угостителски објекти.

Ова вчера го најави министерот за здравство, Венко Филипче.

„Од Владата ќе побараме согласност за овие мерки. Да се отворат летните тераси на сите угостителски објекти, полицискиот час да се скрати и да почнува од 21 часот. За Велигден и Рамазан да нема полициски час, а угостителските објекти да работат до 20.30 часот“, рече Филипче.

Тој образложи дека овие мерки се предлагаат поради очигледното олабавување што се чувствува не само кај нас, туку и во сите околни земји.

Share
Scroll to Top