„Влен“: Бујар Османи призна дека имал средби со Никола Груевски во Будимпешта

„Влен“: Бујар Османи призна дека имал средби со Никола Груевски во Будимпешта

пред 4 дена

Бујар Османи призна дека имал средби со Никола Груевски во Будимпешта, велат од ВЛЕН.

„Деновиве сведоци сме на едно скандалозно признание од страна на Бујар Османи, човек кој повеќе од две децении ја злоупотребува довербата на Албанците. Тој јавно одби да негира, односно потврди дека се среќавал со Никола Груевски, бегалец и лице на американската црна листа. ДУИ не е реформирана партија, туку групација која манипулира со националните чувства и европските стремежи на Албанскиот народ за свои лични и тесно-партиски интереси“, велат од коалицијата.

Од ВЛЕН упатија прашања до Бујар Османи од кога тоа средбите на еден министер за надворешни работи со лица од американската црна листа се класифицирани, дали тие средби се пријавени во Јавното обвинителство и МВР и кој е интересот зад оваа тајна комуникација?

„Албанците очекуваат одговори, не молк. Потсетуваме: Помошта за бегството на Никола Груевски беше дело на ДУИ. Законот за амнестија за Мијалков и неговата екипа беше дело на ДУИ. Сè ова го разбираме како очај на една корумпирана елита која знае дека нејзиното време истекува. ДУИ ја претвори политиката во пазар и во бизнис, а Албанците во заложници на нивните договори со бегалци и криминалци. ВЛЕН е тука да ја врати чистaта политика, да обезбеди транспарентност и да стави крај на ова лицемерие“, велат од коалицијата.

Текстот „Влен“: Бујар Османи призна дека имал средби со Никола Груевски во Будимпешта е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top