„Влен“: ДУИ за власт, подготвена да ја продаде Струга на Левица, но на 19 октомври Ќира ќе ја ослободи со гласот на граѓаните

„Влен“: ДУИ за власт, подготвена да ја продаде Струга на Левица, но на 19 октомври Ќира ќе ја ослободи со гласот на граѓаните

пред 3 часа

„Најновиот скандал што кружи на терен и во јавноста е жив доказ дека ДУИ изгубила секаков вид политичка ориентација. Темниот договор што е постигнат помеѓу посредникот на Ахмети, Кренар Љога, и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вклучувајќи ја и неговата генерална секретарка, Јована Мојсовска, не е ништо повеќе од тешко предавство на стружани“, велат од „Влен“.

„Сценариото е јасно: Мојсовска влегува како „изненадувачки“ кандидат во Струга, со мисија да ги собере гласовите на македонскиот блок наводно за да ја спречи победата во првиот круг на кандидатот поддржан од ВЛЕН, Менди Ќира. Ова е срамен план, оркестриран од Љога и ДУИ, кои отворено соработуваат со политички сили кои ги граделе своите кариери врз албанофобија.

Ова е најсилниот доказ дека ДУИ е подготвена да згази на сè само за да остане релевантна на сцената. За нив, моќта е поважна од достоинството на Албанците, сомнителните зделки со албанофобите вредат повеќе од иднината на стружани.

ВЛЕН остро го осудува овој валкан план и го повикува јавноста да не стане жртва на сценаријата оркестрирани во темни ходници. Прашањето е едноставно и останува неодговорено: за што се договориле Кренар Љога и Апасиев? Да ја продадат Струга? Да ги спречат промените? Да ја одржат во живот скапаната власт со корупција и криминал што владее во Струга во последните 20 години?

Но едно е сигурно: и покрај темните зделки, и покрај тајните и срамни договори, Менди Ќира ќе победи во Струга на 19 октомври. Волјата на граѓаните не се купува, не се заплашува и не се запира со валкани политички договори“, соопшти „Влен“.

Текстот „Влен“: ДУИ за власт, подготвена да ја продаде Струга на Левица, но на 19 октомври Ќира ќе ја ослободи со гласот на граѓаните е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top