ВЛЕН: И Билен Салији го остави заглавен правосудниот испит

ВЛЕН: И Билен Салији го остави заглавен правосудниот испит

пред 3 часа

Серијалот на министри за правда од ДУИ не завршува со Блерим Беџети, Аднан Јашари и Валдет Џафери. Сега на ред е Билен Салији, уште еден кадар на ДУИ кој го имаше Министерството за правда во раце, но испитот по правосудство на албански јазик го остави таму каде што го затекна, велат од ВЛЕН.

„Билен Салији не се памети по некоја реформа од која некој виде аир. Не се памети по некоја добиена битка за граѓаните, а уште помалку за албанските студенти. Неговото име се памети по наводната „оставка“ по случајот со малиот Алмир, кога Бобан Илиќ им ја разоткри немоќта на овие лажни патриоти. Таа оставка ДУИ сакаше да ја продаде како морален чин. Но нивниот морал трае колку снег во јули. Салији си замина од Правда, но не и од удобноста. Излезе од една државна врата и влезе низ друга, во МЕПСО. Тоа е школата на ДУИ. Кога имаа одговорност, ги немаше. Кога имаа функции, беа први во редот. Кога Албанците имаа мака, молчеа. Кога требаше да се најде фотелја за своите, летаа како ракета. Затоа Билен Салији треба да каже зошто, додека беше министер за правда, правосудниот испит го остави нерешен. Зошто не ја помрдна оваа работа ниту за еден милиметар“, прашуваат од ВЛЕН.

Од таму велат дека Албанците повеќе немаат потреба од лажен морал туку од решенија, а решението за студентите, како што велат, доаѓа со ВЛЕН.

Текстот ВЛЕН: И Билен Салији го остави заглавен правосудниот испит е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top