ВМРО-ДПМНЕ го повикува премиерот Димитар Ковачевски да се огради од оние кои, како што велат од партијата, се обиделе да го прикријат убиството на ракометарот на РК Бутел, Хрватот Денис Тот.
„Ковачевски најостро да ги санкционира овие лица во согласност со законите на оваа земја. Во спротивно, ќе сметаме дека СДСМ и Ковачевски лично се директни учесници во овој грозоморен чин“, посочуваат од опозициската партија.
„Клучната тема во овој трагичен настан, кој најостро го осудуваме е зошто владата на Ковачевски се обиде убиството на хрватскиот ракометар да го прикрие како да не се случило? Зарем беа толку наивни да поверуваат дека вистината нема да се дознае? Дали има нешто повеќе и нешто друго заради што Ковачевски и кадрите на СДСМ се одлучија на овој катастрофален чекор на прикривање на убиство?!“, се наведува во партиската реакција.