ВМРО-ДПМНЕ: Активната блокада продолжува ако нема договор за избори преминува во целосна блокада

пред 3 години

Активната блокада продолжува летово, ако нема договор за избори преминува во целосна блокада на институциите, СДСМ и ДУИ мора да паднат, посочуваат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Во текот на летото ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе разни протесни активности ширум државата. Тимови од ИК на партијата и пратениците ќе ги посетат сите населени места со цел општа мобилизација на народот против власта која секој ден се повеќе не осиромашува“, се наведува во напишаното.

Додаваат дека доколку Ковачевски и Ахмети и понатаму ја игнорираат потребата од избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон целосна блокада на институциите, на патиштата се до договор за избори.

„Штетата која се предизвикува со владеењето на СДСМ и ДУИ е поголема од било која друга штета. Предвремени парламентарни избори се нужни за формирање на нова влада која ќе ја извади државата од кризите, ќа стави крај на криминалот и корупцијата. Потребни се промени. Народот бара промени. Колку и СДСМ и ДУИ да се трудат да ги спречат промените тие ќе дојдат“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top