ВМРО-ДПМНЕ: Братучед на Оливер Спасовски кандидат за Куманово, во Битола кандидатот за градоначалник бизнис партнер на Вице Заев

пред 3 години

Понудата на СДСМ за локалните избори е од лошо полошо. Братучедот на Оливер Спасовски во Куманово Оливер Илиевски стана кандидат за градоначалник. Додека султанот Заев го исклучи Максим Димитриевски зашто кажа дека СДС е киднапирана партија, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Битола кандидат за градоначалник е Христо Кондовски Стентоно кој е кандидат затоа што е бизнис партнер со Вице Заев. Ако Струмица е на Вицевци, Кондовски од Битола ќе прави Стентонград“, велат од партијата.

Дополнително, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, за Ѓорче Петров СДС го кандидира стариот, истрошен и корумпиран градоначалник Александар Наумовски кој, како што велат, ќе остане запаметен по набавката на машина за перење вредна неверојатни 50 илјади евра.

„Понудата на СДСМ на овие избори е криминал и неспособност. Оваа понуда е од лошо полошо, односно покрај дното СДСМ покажа дека постои дупло дно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top