ВМРО-ДПМНЕ: Велат дека нема пари за студенти и плати, а трошат 19 милиони евра за апарати за коцкање

ВМРО-ДПМНЕ: Велат дека нема пари за студенти и плати, а трошат 19 милиони евра за апарати за коцкање

пред 11 месеци

Во време кога власта на ДУИ и СДС вели дека нема пари за студенти, плати и учебници, троши неверојатни 19 милиони евра за апарати за коцкање, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Власта на ДУИ и СДС потврди дека за набавка на апарати за коцкање ќе плати 12 милиони евра. Во време кога велат дека немаат пари за учебници, за повисоки плати, за подобрување на студентскиот стандард, Груби и екипата предвидуваат 12 милиони евра за апарати за коцкање, непосредно пред изборите.

Ако се земат предвид и другите набавки на апарати за коцкање, во последните година дена потрошени се неверојатни 19 милиони евра. Перпарим и Артан се добро уигран тим кога се работи за сомнително трошење на народните пари.

Народните милиони евра ги трошат без усул и од тоа граѓаните и Македонија немаат никаков аир.

За ова мора да има одговорност. Во Македонија никогаш не било полошо и важно е оваа корумпирана клика на ДУИ и СДС да биде поразена“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Велат дека нема пари за студенти и плати, а трошат 19 милиони евра за апарати за коцкање е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top