ВМРО-ДПМНЕ: Владата да запре со понижувањето и притисокот врз наставниците

пред 3 години

Владата да запре со понижувањето и притисокот врз наставниците, и да ги реализира барањата на СОНК, реагираат од опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, неодговорни се изјавите од владата дека немаат пари за покачување од 18% како што бара СОНК, а во исто време, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, нивните генерални секретари склучуваат криминални физибилити студии тешки милиони.

„Несериозно е да зборуваат дека немаат пари за покачување на платите на наставниците, а во исто време да распишуваат оглас за да градат зграда за АХВ од над 8 милиони евра. Потценувачки е да нема пари за наставниците, а секој месец во РЕК Битола да се склучуваат милионски договори за ископ, механизација, или друг вид на работи, на кои потоа се гледаат струмички камиони како вртат. Владата не ги покачи платите за да има да краде“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оценуваат дека пари во буџетот за поголеми плати има, само, како што велат, треба да се запре со крадењето кое го прават функционерите од СДСМ и ДУИ.

Share
Scroll to Top