ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Ковачевски бега од носење на мерките кои треба да го заштитат стандардот на граѓаните

пред 2 години

Цените на основните продукти растат секој ден, а со тоа македонските граѓани осиромашуваат се повеќе и повеќе. Додека сите сериозни држави носат мерки за да се заштити стандардот на граѓаните, кај нас Владата мерките не само што не ги продолжи, туку и не кажува дали воопшто размислува да преземе нешто итно, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Инфлацијата во април достигна 10,5% и беше една од највисоките во Европа, а од тогаш цените на енергенсите и продуктите во маркетите вртоглаво пораснаа. Лебот достигна 40 денари, брашното, млекото и шеќерот се 60 денари, маслото за јадење над 165 денари. Ако на ова се додаде дека поскапеа и горивата и електричната енергија тогаш граѓаните се доведени до егзистенција.

Од партијата наведуваат дека Владата на Ковачевски без срам бега од одговори зошто не ги продолжи мерките кои предвидуваа намалени или укинати стапки на ДДВ за клучните животни продукти и зошто дозволи ваков ценовен шок.

Впрочем и пратениците од ВМРO-ДПМНЕ и Коалицијта поднесоа законот за изменување и дополнување на Законот за данокот за додадена вредност и Предлог законот за изменување на Законот за акцизи со кои акцизата за горивата ќе се преполови и ќе се даночат со стапка од 5%, наместо моменталните 18%, а прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на 2022.

Но власта неколку дена бега од носење на овие измени со кои ќе се заштити стандардот и семејниот буџет на граѓаните, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top