ВМРО-ДПМНЕ: Во викенд кога умреа 78 лица од ковид, Филипче и Заев се возеа со мотори во Крушево, Охрид, по течението на Радика

пред 3 години

Додека граѓаните умираат и се заразуваат, Зоран Заев и Венко Филипче си тераат прошетки со мотори, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ Во овој викенд кога 78 фамилии ги изгубија своите најблиски, овие двајца кои се најодговорни за катастрофата цело време шетаа на релации од Скопје, преку Крушево, по течението на Радика, Охрид и каде ли уште не.

Овој месец изгубени се над 400 животи во Македонија затоа што Филипче и Заев не набавија навремено и доволно вакцини за имунизација на граѓаните.

Над 10.000 има нови заболени затоа што наместо епидемиолошката слика на Филипче и Заев им беа битни партиски избори, ивенти и попис.

И сега како сосем одлепени од реалноста Филипче и Заев без око да им трепне се развозуваат со мотори низ Македонија во еден од најцрните викенди во КОВИД епидемијата.

Срамно и бедно. Но тие очигледно се оперирани од срам и одговорност, бидејќи дозволија Македонија да биде на врвот по смртност и на дното по вакцинација во светот“ се додава во партиското соопштение.

Share
Scroll to Top