ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите партии да ги поддржат предлог измените на Законот за средно образование

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите парламентарни партии, да ги поддржат предлог измените на Законот за средно образование, кои ги достави до Собранието.

„Матурантите изминатата година се соочија со големи проблеми, како неодржување на настава и скратени часови, во времетраење од 30 минути, сето тоа доведе до помал број на часови на настава и поголеми тешкотии на учениците за совладување на материјата.Со цел да им се помогне тие да продолжат со своето образование без дополнителни стресови, ние сметаме дека нивните барања да полагаат два предмети матура се оправдани. Обединетото Кралство, Ирска, Франција и Белгија, веќе го применија овој модел за намалување на бројот на предмети кои матурантите ќе ги полагаат“, велат од партијата.

Од таму велат дека е време да се стават теснопартиските интереси на страна и да се поддржат измените во Законот за средно образование.

Share
Scroll to Top