ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да отвори предмет за настапите на СДСМ за Алта банка

ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да отвори предмет за настапите на СДСМ за Алта банка

пред 26 минути

ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да отвори предмет по допрен глас и да ги испита јавните настапи на СДСМ и претседателот на партијата, Венко Филипче, поврзани со случајот со Алта банка. Од партијата тврдат дека преку непроверени обвинувања се создава вознемиреност кај граѓаните и се нарушува довербата во банкарскиот систем.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ намерно шири паника и предизвикува недоверба во институциите заради собирање политички поени. Оттаму порачуваат дека финансиската сигурност на граѓаните не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки.

Од владејачката партија бараат Обвинителството да испита дали во случајот постојат основи за постапување според член 315 од Кривичниот законик, кој се однесува на кривичното дело саботажа. Сметаат дека јавните настапи на СДСМ пред Народната банка и обвинувањата упатени кон институцијата треба да бидат предмет на проверка.

Во соопштението се наведуваат и претходни политички спорови околу договорот со Обединетото Кралство, ИПАРД-програмата, извештајот на Томас Вајц, исплатата на пензиите, унгарскиот кредит и состојбата со водата во Гостивар.

„Јавното обвинителство мора да одговори на едно едноставно прашање: дали во оваа држава секој може без одговорност да пласира тврдења што можат да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните и да ја нарушат довербата во финансиските институции?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека Обвинителството мора да постапува согласно со законот и дека молкот не смее да биде одговор.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да отвори предмет за настапите на СДСМ за Алта банка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top