ВМРО-ДПМНЕ: Дали Шилегов од ЈСП прави фирма за вдомување на партиски активисти?

пред 4 години

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на најавата на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за отворање оглас за нови вработувања во ЈСП-Скопје.

„Дали неспособниот Шилегов од Скопје од ЈСП прави фирма за вдомување на партиски активисти? Огласот за 175 нови вработувања во ЈСП, од кој поголемиот број не се шофери, кои се дефицитарни е полнење на администрацијата на оваа претпријатие. Во ек на пандемија, кога секој денар е важен и наместо истиот да се искористи за таблети, тестови или вакцини се троши за партиски вработувања“, велат од оваа партија.

Тие сметаат дека ЈСП има недостаток на шофери, но како што велат тоа за Шилегов не е проблем, „негова преокупација е како да вработи оперативен директор, цоветник за примена на јазиците и инжинер за инвестиции во ЈСП“, стои во писменото соопштение од партијата.

„Шилегов го претвори ЈСП во фирма за вдомување на партиски кадри, а Скопје има делува каде нема канализација, имаме нечисти улици, диви депонии насекаде, градот буквално тоне. И се додека е Шилегов градот ќе тоне“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top