ВМРО-ДПМНЕ: Денеска Скопје е хаос, Шилегов не може да се справи со дожд

пред 3 години

Петре Шилегов не може да се справи со дожд, а не пак да реши проблеми на скопјани, денеска Скопје е хаос, реагира преку соопштение опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов не треба да биде фараон, доволно е да биде градоначалник, кој ќе се справи со 10 литри дожд на метар квадратен. Скопје со Шилегов е поплавено од обичен дожд, како ли би изгледало од посилно невреме? Ако не крадеше милиони за противпожарни скали, ќе имаше и за решавање на атмосферската канализација“, стои во писменото соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, 4 години, како што велат, Шилегов нема направено ништо суштински.

„Нема еден проект. 4 години власт на Шилегов и Заев, 4 години украден живот. Доста е!“, пишуваат од опозициската партија.

Share
Scroll to Top