ВМРО-ДПМНЕ: Државата бележи дипломатски успеси и напредок на меѓународен план

ВМРО-ДПМНЕ: Државата бележи дипломатски успеси и напредок на меѓународен план

пред 5 часа

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение наведува дека Македонија во изминатиот период бележи значајни резултати на меѓународен план, оценувајќи дека станува збор за напредок во работата на Владата во делот на дипломатијата и европските интеграции.

Од партијата посочуваат дека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, при неодамнешната посета на Скопје ја потврдил оценката за напредок во исполнувањето на Реформската агенда. Како дел од тоа, се истакнува и финансиската поддршка од 65,7 милиони евра од Планот за раст, за која наведуваат дека е повисока во однос на некои земји од регионот.

Во соопштението се наведува и дека Македонија е избрана за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за мандатниот период 2027–2029 година, што се оценува како значаен дипломатски успех.

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ се повикува на нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за 2025 година, кој, како што наведуваат, ја потврдува европската перспектива на државата и нејзината посветеност на реформите и регионалната стабилност.

Од партијата посочуваат и на соработка со Европската унија во областа на безбедносната и одбранбената политика, како и завршениот пост-мониторинг процес со Советот на Европа, што го оценуваат како потврда за демократските капацитети на државата.

Во делот на билатералните односи се наведува дека се потпишани стратешки договори со повеќе држави, меѓу кои САД, Обединетото Кралство, Хрватска и Унгарија, како и напредок во инфраструктурни проекти од регионално значење, меѓу кои Коридорот 8.

Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ упатува и критики кон опозициската СДСМ, оценувајќи дека не го поддржува напредокот на државата и дипломатските активности на Владата.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Државата бележи дипломатски успеси и напредок на меѓународен план е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top