ВМРО-ДПМНЕ: „Ем шуто ем боде“, вака СДСМ го правда Ковачевски за понижувањето на Македонија

пред 3 години

„Ем шуто ем боде“, вака е однесувањето на СДСМ со оправдувањето на чекорот на Ковачевски кој гласно се смее на изјавата дека Македонија ќе биде западна Бугарија, е наведено во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Бидејќи така со неподнослива понизност реагираат и се однесуваат нема идентитетско обележје кое не го доведуваат во прашање. Нема понижување кое и го приредија на земјава, а СДСМ која се однесува како антидржавен елемент, да не го оправда. Од денес предавствата и понижувањата на Заев паднаа во сенка, понижувањата на Ковачевски ги надминаа тие на Заев“, се нагласува во реакцијата од опозициската партија.

Срамно е, додаваат од таму, што СДСМ оправдува изјава во која се негира Македонија.

Од партијата на Мицкоски со оценка дека „Ковачевски и СДСМ се срам за Македонија“.

„Итна оставка на Ковачевски и извинување до граѓаните на Македонија“, потенцираат во напишаното од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top