Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Андреј Жерновски од СДСМ.
„СДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски. Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени. Системот беше досега таков, затоа што со децении лица како Жерновски, Заев и Филипче го крадеа и уништуваа. Ликови како овие тројца, ја продаваа државата и ја понижуваа на секој можен начин, само за да си го зголемат својот џеб да им биде подлабок и на тој начин сметаат дека треба да функционира една држава“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во реакцијата се додава дека тој систем веќе две години се менува и дека новиот систем е предводен од чесни политичари кои мислат на граѓаните и нивните интереси, а не на својот џеб.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата е превземен од МАКФАКС.





