ВМРО-ДПМНЕ: Заев кажа дека и догодина ќе ја задолжи земјата за над половина милијарда евра

пред 4 години

Зоран Заев нема стратегија за раст и развој, неговата стратегија е за пропаст и очај, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешната прес-конференцијата на премиерот Заев и министерот Фатмир Бесими.

„Заев денеска најави дека и догодина планира повторно да ја задолжи државата и да го зголеми јавниот долг за нови на пола милијарда евра. Буџетот не е развоен, туку уназаден. Нема стратешки проекти, нема развој. Заев не кажа како планира да ги зголеми приходите во буџетот, ниту како да ги врати на работа над 40.000 наши сограѓани кои останаа без работа периодов. Заев не кажа ниту како ќе им помогне на фирмите, или уште е на ставот дека ќе ги остави да пропаднат“, стои во реакцијата на опозициската партија, во која се додава дека Заев има целосно промашена економска стратегија, која, како што се вели, е стратегија на криминал и корупција.