Изборот на партиски кадри во СДСМ ја дозакопува султан партијата на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ по денешниот 26. Конгрес на владејачката партијата.
„Граѓаните се жалат на две крупни работи, лошото здравство и лошата економија. Филипче е лошото здравство, а Лукаревска лошата економија. Лукаревска ги штитеше фирмите на Заев, кои се редовно во врвот на листата неплаќачи на ДДВ, а Филипче бркаше провизии“, се наведува во партиската реакција, а во контекст на изборот на Сања Лукаревска за заменик-претседателка, а на Венко Филипче за еден од потпретседателите на СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека СДСМ избрале стари кадри, кадри со врски со минатото, кадри кои, како што велат, ја испеале својата песна и нема што ново да понудат.
„Спасовски кој даде пасоши на 214 наркбосови, терористи и разни белосветски криминалци не е и не може да биде ново лице. Тој првин треба да се соочи со одговорност за целиот криминал. Љупчо Николовски кој наместо криминал брка путер и во сред пандемија отиде за Дубаи и го остави народот, не е иднината, Лоши политики ќе продолжат и со Мила Царовска која насила турка проект за дигитализација, и Зоран Китанов од Струмица кого Заев го става на функции уште од времето кога беше градоначалник“, велат од опозициската партија.