За само една година споредно декември 2020 година, со декември 2021 година, цените на храната се драстично зголемени. Според податоците објавени од страна на Државниот завод за статистика, цената на лебот сега е за 9.3 отсто поскапа од минатата година. Исто ниво на покачување има и кај шеќерот чија цена скокнала 9.3 проценти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Најголемо покачување, како што се наведува, имаме кај маслото за јадење, кое за една година поскапи за 25.1 отсто.
„Во услови кога владата е неспособна растат и цените на овошјето и месото, кои доаѓаат од увоз, а тоа произведено од нашите земјоделци скапува по нивите. За една година цената на овошјето и зеленчукот е зголемена за 6.5%, додека цената на месото е поголема за 5.7%. Маслото за јадење, месото, лебот, шеќерот и овошјето и зеленчукот се основни намирници, кои секое домаќинство ги користи, кога цените на овие производи растат погоден е секој еден човек. Инфлацијата предизвикана од СДСМ веќе се осеќа. Народот може да купи се помалку со неговите примања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија додава дека се потребни итни мерки и промени. Според паријата, потребни се брзи предвремени избори, и нова влада која ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ, за работите да почнат да се менуваат.