ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Ковачевски се крие позади однапред снимено видео обраќање

пред 3 години

По видео обраќањето на Претседателот на Владата на РСМ, опозициската ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение.

Од партијата прашуваат зошто премиерот Ковачевски се крие позади однапред снимено видео обраќање со скандалот во кој бугарскиот премиер промовира фашизам на македонско тло?

Зошто Ковачевски не се произјасни како македонските институции дозволија регистрирање на здружение со име на личност која е контроверзна и негаторска кон постоењето на македонскиот народ.

Срамно е и со згрозување гледаме на фактот што македонскиот премиер Ковачевски не го осуди чекорот на бугарскиот премиер Петков, туку дипломатски во разводенува целиот скандал, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top