ВМРО-ДПМНЕ: Илинден е обврска кон иднината, со инспирација од делото на Илинденците да ја градиме Македонија со одговорност и визија

ВМРО-ДПМНЕ: Илинден е обврска кон иднината, со инспирација од делото на Илинденците да ја градиме Македонија со одговорност и визија

пред 6 часа

Илинден е најсилниот симбол на македонската борба за слобода и сопствена држава. Во него се испреплетуваат идеалите на илинденците од 1903 година и делото на генерацијата што преку АСНОМ ги постави темелите на современата македонска државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тој е сведоштво за истрајноста, пожртвуваноста и непоколебливата волја на народот да живее достоинствено и слободно.

Крушевската Република остави порака што и денес има силно значење, држава изградена врз слобода, еднаквост и меѓусебна почит. Истите вредности беа потврдени и на АСНОМ, кога беше трасиран патот на современа Македонија.

Наследството што ни е оставено не е само повод за гордост, туку и одговорност. Наш долг е да ги штитиме државните интереси, да ги зацврстуваме демократските институции и да создаваме општество во кое владеат правдата, солидарноста и еднаквите можности за сите.

Нека Илинден биде потсетник дека секоја генерација има своја улога во продолжувањето на македонската приказна. Да бидеме достојни на оние што се бореле пред нас и со труд, знаење и одговорност да создадеме подобра иднина за оние што доаѓаат“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Илинден е обврска кон иднината, со инспирација од делото на Илинденците да ја градиме Македонија со одговорност и визија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top