ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот на Град Скопје, рече Митева

пред 3 години

Парламентарната опозиција во македонското собрание согласно бројот на освоени гласови на претстојните локални избори има апсолутно мнозинство во Советот на Град Скопје во број од 24 советници од вкупниот број на 45 советници во Советот на Град Скопје, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција одговарајќи на новинарско прашање дали е точно дека ВМРО-ДПМНЕ обезбеди мнозинство во Советот на Град Скопје.

Митева порача дека советот ќе функционира по принципот на соработка за програмски проекти кои ќе бидат за доброто на сите скопјани, нагласувајќи дека СДСМ и ДУИ се опозиција во Град Скопје.

„Новото градско мнозинство ќе функционира по принципот на конкретна соработка за точно одредени програмски проекти кои ќе бидат за доброто на сите скопјани. Со ова сакам да обзаниме дека владината коалиција СДСМ и ДУИ ќе бидат опзоиција во Град Скопје, додаде таа. Следуваат многу подобри денови за сите скопјани во сите општини“, порача Митева.

Share
Scroll to Top