ВМРО-ДПМНЕ: 5.5 милијарди за расипништво, криминал и корупција во 2024, затоа СДС одолговлекува избори колку може повеќе

ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред СДСМ, покажуваат првичните бројки од партискиот штаб

пред 2 недели

Од обработени 9,61% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 20.713 а СДСМ 5.857 глас, покажуваат првичните резултати од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ.

Така, од партијата анализираат дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред СДСМ и другите партии на парламентарните избори.

Бројките на партијата досега се: ВМРО – ДПМНЕ – 20.713, СДСМ – 5.857, ДУИ – 7.552, ЛЕВИЦА – 1771, ЗНАМ – 1.552, ВЛЕН – 4.100, ГРОМ – 109.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и носител на изборната единица број 2 во изјава за медиумите говорејќи за претседателските избори рече дека Гордана Силјановска Давкова има убедливо водство пред Стево Пендаровски.

Според партиските бројки, од избројани 12.54 осто од избирачките места, Сиљановска-Давкова има освоено 126.678 гласови, додека пак кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски има 51.965 гласови.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред СДСМ, покажуваат првичните бројки од партискиот штаб е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top