ВМРО-ДПМНЕ: Истите обвинители поради кои државава е најкриминална во Европа сега се со нов мандат

пред 2 години

Истите обвинители поради кои државава е најкриминална во Европа сега се со нов мандат, зошто седницата не се пренесуваше јавно?, реагира ВМРО-ДПМНЕ по реизборот на обвинителите во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Од партијата велат дека со истите овие обвинители и оваа власт на СДСМ и ДУИ државава станала најкриминална во Европа според сите мерења.

„Ова се истите обвинители кои прогледуваа низ присти на Ден Дончев и го пуштија да избега откако претходно го виде цела јавност како зема мито. Истите обвинители пуштаа на слобода и се откажуваа од гонење на осудени криминалци, мистериозно од затвор ослободуваа учесници во сообраајни несреќи, не го ни чепнаа Зоран Заев и целиот негов клан за сите тендери во РЕК, Рекети, случајот Дака и десетици други скандали. Поради истите овие обвинители не му фали влакно на Оливер Спасовски кој делеше пасоши на криминалци и мафијаши кои доаѓаат од целиот свет, бандите и наркокартелите од Грчец се посилни од државата благодарение на истите овие обвинители“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Опозициската партија побара од обвинителката Рускоска да одговори зошто изборот на јавни обвинители не бил пренесуван јавно низ транспарентен процес.

Share
Scroll to Top