ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е пиунот на Заев кој ниеднаш не се спротивстави на погрешните политики

пред 2 години

Зоран Заев си одбра послушен продолжувач на заевизмот во СДСМ во Димитар Ковачевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Целиот циркус и драматизирање околу наводни демократски избори во СДСМ се непотребни, додаваат од оваа партија.

„Јасно е дека Заев во приватната и заробена партија СДСМ си инсталираше свој пиун, наследник, портпарол и продолжувач на погубните политики. Димитар Ковачевски е човек кој беше дел од погубните политики на Заев како заменик министер за финансии. Тој е дел од екипата поради која Македонија се дави во економска, енергетска и здравствена криза. Ниту еднаш не се спротивстави на политиките на Заев поради кои Македонија потона во криминал и корупција. Затоа за Заев Ковачевски е идеалниот наследник кој ќе молчи и ќе ги прикрива криминалите на неговиот ментор“, се подвлекува во нивното соопштение.

Ковачевски, истакнуваат од партијата чиј што лидер е Христијан Мицкоски, е втората генерација на олигархијата и транзициските политичари. Првата генерација, сметаат од таму, преку приватизацијата грабаа, а овие вторите ја докусурија Македонија.

„Доста е од транзициските политичари. Граѓаните на избори јасно покажаа дека се против Заев и заевизмот. Народот бара суштински промени. Тие промени ќе дојдат после брзи предвремени избори кога Заев и заевизмот ќе биде испратен во историјата“, потенцираат во писмената реакција.

Share
Scroll to Top