СДСМ и Ковачевски решија да застанат во одбрана на примитивното и вулгарно однесување на Талат Џафери. Заради фотелја и пуста власт подготвени се на секаква бламажа. За нив е нормално тоа што претседател на Собрание на земја членка на НАТО се среќава со лица кои се безбедносен ризик кои се блиски со режимот во Кремљ. За нив е нормално претседател на Собранието да навредува, пцуе и да вика по вработени во институцијата, е посочено во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Со својот молк, Ковачевски и СДСМ, како што велат од оваа партија ја презедоа вината, одговорноста и срамот од поведението на Талат Џафери.
„СДСМ, Ковачевски, ДУИ и Талат Џафери на секој можен начин ги понижуваат граѓаните и институциите на државата. Да имаа доблест уште вчера ќе побараа оставка од Џафери, но немаат. Свесен е Ковачевски дека владата, фотелјата и политичката кариера му се ставени во скутот на ДУИ и затоа е подготвен да проголта се. Затоа Ковачевски бега од одговори и се прави како да не е од овде па ништо не чул и ништо не видел“, е наведено во писмената реакција.
СДСМ и ДУИ, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, заедно ги понижуваат народот и државата, па затоа и заедно ќе бидат поразени.