ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Османи трајно ги нарушија македонските позиции

пред 2 години

Ковачевски и Османи трајно ги нарушија Македонските позиции, и ја ставија државата во ризик од хибридни напади, за кој не кажуваат од што се состои, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„ Со преговарањето и договорањето на последниот предлог Ковачевски и Османи трајно ги нарушија преговарачките позиции на државата. Секои идни преговори ќе тргнуваат од почетната точка опфатена во предлогот.

Со криење од јавноста, од експертите, од академската заедница и од парламентарните партии тие ја донесоа државата во опасност. За потоа да измислуваат наводни хибридни напади, за кои не кажуваат од што се состојат, кој е одговорен и зошто не преземале ништо.

Ковачевски и Османи наместо да продолжат со молчење да кажат од кого е нападната државата и зошто не го спречиле тоа, ако тоа се случило?

Власта да не бега од одговорност. Тие 6 месеци тајно преговарале и носат вина за нанесување на трајна штета на државата и нејзините преговарачки позиции, но и за неуспехот кој државата го има на патот кон ЕУ“ се додава во соопштението.

Ковачевски, Османи и целата влада треба да си заминат. Потребни се избори веднаш, порачаа од партијата.

Share
Scroll to Top