ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ќе биде менаџер на заевизмот во СДСМ

пред 3 години

СДСМ прави театар со изборите на нов лидер, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ од каде посочуваат дека на сите им е јасно оти лидер на СДСМ останува Зоран Заев, а Димитар Ковачевски ќе биде, како што велат, само негов пиун.

„За каква демократија зборува Заев кога само потврди дека СДСМ ја претворил во приватна компанија, испостава на кланот Заеви, во која ангажира само обичен менаџер. Впрочем затоа 20 илјади членови на СДСМ помалку се пријавиле за гласање, затоа што се разочарани од Заев и заевизмот и целата фарса со изборот на ‘нов лидер’“, се наведува во партиската реакција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски треба да менаџира со, како што велат, заевизмот во СДСМ.

„Ништо не се менува. Апсолутно останува истата матрица која Македонија ја претвори во најкорумпирана држава во Европа, земја на нарко мафијата во која шверцување на тон дрога е нормална работа, во која нема фонд кој не се злоупотребува, земја во која над 600 илјади луѓе живеат во сиромаштија, земја во која 16 милијарди евра се потрошија за 4 години, а ништо не се изгради, земја без перспектива со најсиромашен и најнесреќен народ. Македонија доволно страдаше од заевизмот и не и треба продолжување на тонењето со пиунот Ковачевски“, нагласуваат од опозициската партија.

Share
Scroll to Top