ВМРО-ДПМНЕ: 5.5 милијарди за расипништво, криминал и корупција во 2024, затоа СДС одолговлекува избори колку може повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Лага e тврдењето на Николовски дека хотелите во САД во кои престојувал биле евтини

пред 2 години

„Љупчо Дон Николовски, очигледно, кога станува збор за народни пари не памети колку каде дал, секако сеедно му е. Лага e тврдењето на Дон Николовски дека хотелите во САД во кои престојувал биле евтини. Хотелите во САД се платени неколку стотина евра од вечер, потврда за тоа се и документите кои самиот Дон Николовски ги доставил во сметководството на МЗШВ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дон Николовски ништо не го вади од одговорноста, дека додека земјоделците тука мака мачеле со откуп и пласман, тој ноќевал по скапи хотели платени неколку стотина евра. Дон Николовски раскалашено се однесувал со народните пари. Дон Николовски е лицемерен, никој повеќе не му верува„, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Лага e тврдењето на Николовски дека хотелите во САД во кои престојувал биле евтини е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top