ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е на дното во Европа според бројот на направени тестови за Ковид-19

пред 3 години

Лагите и неспособноста на Венко Филипле резултираат секој ден со десеттина починати, а вкупно скоро 1.700 смртни случаи, велат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на состојбите со епидемијата на коронавирус.

„Македонија е на врвот на европската листа по број на почнати на милион жители или на петто место. На светската ранг листа од 220 земји повторно сме на врвот по починати на милион жители или на 13 место. Македонија е на дно во Европа по број на направени тестови“, нагласуваат од опозициската партија.

Од таму додаваат дека додека во другите земји во Европа се тестирани од минимум 20 проценти до 60 проценти на населението, бројката на тестирани во Македонија е само околу 15 отсто.

„За какво смирување на епидемијата зборува Филипче? Граѓаните молат за термин за тестирање бидејќи нема доволно тестови, граѓаните молат за прием во болница, чекаат по ходници, а ако бидат хоспитализирани добиваат третман во крајно нехумани услови, нема кислород, нема кревети“, велат од ВМРО-ДМНЕ од каде предупредуваат дека трагично е и тоа што секој ден има се повеќе заразен медицински кадар и веќе ќе нема кој да се грижи за болните.

Share
Scroll to Top