ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Филипче ја има само на листата на починати, но не на онаа кои вакцинираат против корона

пред 4 години

Македонија со министерот за здравство, Венко Филипче ја има само на листата на починати, но не на онаа кои вакцинираат против корона, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата упатуваат пофалби за Србија, откако српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот, Владимир Путин постигнаа иницијален договор за производство на руската вакцина во Србија.

„Група екссперти следната недела доаѓа в Србија за старт на прозиводство на руската вакцина во Србија. Ова вчера беше вест во светските медиуми. По број на жители најмногу вакцинирани има во Израел, Велика Британија и САД, а на четврто место на светската листа е Србија.

Македонија ја нема на листите за тоа колку лица се вакцинирани, затоа што нема вакцини, ама ја има на листите за број на заболени и починати. И тука котира високо затоа што има скоро три илјади починати или околу илјада и петстотини починати на милион жители.

Ова е резултат од (нe)работата на Филипче. Ова е резултат на тоа што Филипче се возеше на КОВАКС механизмот.
Ова е резултат на непреговарањето со прозиводителите на вакцини. Ова е резултат на бирањето/одбивањето од каде вакцини, а во суштина никој не ги ферма надлежните во Македонија. За ова одговорност мора да има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top