ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко и СДС да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко и СДС да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар

пред 6 часа

СДС денес го испрати мали Фрчко, да дели совети за како треба да се прослави независноста на државата, а не му кажаа да побара одговорност од Валбон Лимани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во ниту еден момент од СДС не побараа одговорност од градоначалникот на Гостивар, за скандалот кој се случи со водата, и продолжуваат да го заобиколуваат Лимани.

Во коалиција со ДУИ и Таравари, се обидуваат и оваа криза да ја претворат во алатка за да си собираат поени, а затоа што градоначалникот е од нивните редови не се осмелуваат да одржат прес-конференција за него.

Градоначалник кој вели дека не чувствува никаква вина, а и не успеа да се справи со кризата. Локалната власт таму доцнеше со секаква реакција и не интервенираше.

Граѓаните од гостивар добиваат секој ден над 60 тони вода и останати технички потреби од страна на СОЗР. ИЈЗ и Министерството за здравство предочи мерки и препораки за како да се справат со оваа епидемија.

Има и приведени од страна на надлежните и се работи на обезбедување докази кои ќе се достават до обвинителството, а се работи и на решавање на овој проблем.

СДС треба да им се извини на граѓаните што секоја криза, се обидува да ја претвори во тема од која ќе извлече нешто за себе, и веднаш да побара одговорност од Лимани“, се вели во соопштението.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко и СДС да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top