ВМРО-ДПМНЕ на протести во Берово, Пехчево и Кочани побара оставка од Заев

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на протести во Берово, Пехчево и Кочани побара оставка од премиерот Зоран Заев.

„Народот се буди, бара оставка на Зоран Заев и заминување на оваа криминална мафијашка влада. Нема да дозволиме распродажба на македонските национални интереси и распрачување и урнисување на достоинството на македонскиот народ. Бараме итно прекинување на преговорите со Бугарија, не дозволиво е преговарање за македонскиот јазик, македонскиот идентите и македонската историја, нема да дозволиме национално понижување“, кажа Мане Јаковлевски.

Претседателот на УМС, Сергеј Попов, на протест во Берово ги повика сите малди да излезат на улиците и да побараат оставка од Заев, односно, како што рече, младите сакаат достоинствен живот како сите млади во Европа и светот, а не живот каков што нуди СДСМ и Заев.

„Ги повикувам сите млади во наредниот период да излезат и да ни се придружат на протестите, ние единствено што бараме е достоинствен живот и сигурна иднина, а не ова што ни го нуди власта и Заев, распродажба на македонскиот јазик и историја“, вели Попов.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во Кочани изјави дека нема откажување и сѐ додека Заев не си поднесе оставка, ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира.

„Остануваме на улиците, колку сме толку сме. Бараме оставка од Заев и нема откажување. За нашето минатот, нашата македонска историја, нашиот македонски јазик и нашиот идентитет нема право никој да преговара. Не бараме ништо што е туѓо, само бараме да запре ова срамно понижување и на македонскиот народ и на сите граѓани кои живеат овде. Зоран Заев мора да си замине, за Македонија да оди напред. Доста ние од поразите и неуспесите. Доста е со виткање на кичма, доста е со национално понижување. Оставка сега за да не биде предоцна“, изјави Лефков.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва организираше протести во 20 града.

Share
Scroll to Top