ВМРО-ДПМНЕ: Од денес активна блокада на Собранието, потребен е дијалог за предвремени парламентарни избори

пред 2 години

Од денес ВМРО-ДПМНЕ почнува со активна блокада на собранието, потребен е дијалог за предвремени парламентарни избори, Ковачевски охрабри се, се потенцира во писмениот допис од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Ковачевски, како што велат од оваа партија имаше доволно време да излезе од сенката на Заев и да го стави интересот на народот во прв план, но не се осмели.

Државата, според оценките на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе тоне.

„Вчера ДЗС излезе со официјален податок и констатираше двоцифрена инфлација. За една година цените на основните производи се зголемени од 10% до 50%. Народот плаќа 30% поскапа струја и 15% поскапо парно. И секој ден има се повеќе проблеми, Ковачевски не е нов во политиката, тој беше и заменик министер за финансии. Тој е дел од проблемите, и не може да биде решение за истите.
Ковачевски треба да сфати дека Заев нема да му ги реши проблемите, тој е премиер и за сите неуспеси е директно одговорен самиот тој. Но неговите неуспеси ги плаќа и народот кој е се посиромашен. Затоа нема повеќе простор за нови обиди, државата е донесена до ситуација на повеќе кризи. Избори час поскоро“, потенцираат од партијата на Мицкоски.

Токму затоа, појаснуваат од оваа партија, потребни се предвремени парламентарни избори, а активната блокада е одговор на игнорирањето на власта.

Share
Scroll to Top