ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДСM, кризата им доаѓа одвнатре

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДСM, кризата им доаѓа одвнатре

пред 2 часа

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оцени дека Сoцијалдемократскиот сојуз и лидерот Венко Филипче се наоѓаат во длабока криза која, како што наведуваат, не може да се прикрие со пи-ар стратегии.

Од партијата велат дека обидите на опозициската партија да се претстави како жртва и да ја релативизира реалноста се „сè попровидни“, додавајќи дека иронијата кон анкетите не ја менува состојбата на терен.

„Обидите за создавање нов имиџ преку склопените пи-ар пораки на Башановиќ не можат да го сокријат фактот дека Филипче се наоѓа далеку од врвот на довербата кај граѓаните, ниту дека СДС е под 5% доверба“, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека поддршката за партијата и за нејзиниот лидер Христијан Мицкоски останува стабилна, при што како причина ја посочуваат перцепцијата кај граѓаните дека Владата работи и има резултати.

Во соопштението се додава дека граѓаните „можат да направат разлика“, а СДСМ, според нив, има „само фасада зад која стојат истите структури и лоши пракси“.

Партијата истакнува дека кризата во СДСМ не е резултат на надворешни напади, туку на, како што велат, „одамна изгубениот кредибилитет“ на раководството.

„СДС е против СДС, а тоа што измислуваат дека некој води црна кампања против нив е доказ дека се во паника. Не постои кампања што може да уништи кредибилна партија“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДСM, кризата им доаѓа одвнатре е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top