ВМРО-ДПМНЕ повика на целосна истрага за случајот со водата во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ повика на целосна истрага за случајот со водата во Гостивар

пред 3 часа

ВМРО-ДПМНЕ побара институциите да го истражат случајот со загадувањето на водата во Гостивар, по кој повеќе од илјада граѓани побараа медицинска помош со симптоми на труење, а надлежните привремено забранија користење на водата за пиење.

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, Мартин Андоновски, на прес-конференција изјави дека партијата изразува загриженост и осуда за, како што рече, скандалот во Гостивар.



Тој обвини дека локалната власт, предводена од коалицијата СДС, ДУИ и Арбен Таравари, го довела градот во ваква состојба и изнесе сомнежи дека биле поставени пумпи во отпадните води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа, со што, според него, било загрозено здравјето на граѓаните.

„Над 1.000 граѓани пријавиле симптоми на труење, за кои се сомневаме дека се последица на загадување на водата за пиење“, рече Андоновски.

Тој оцени дека случајот покажува неспособност на локалната власт да управува со општината и ги повика надлежните институции да го истражат случајот и да го утврдат расплетот.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ повика на целосна истрага за случајот со водата во Гостивар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top